Лицето кое загина е 38-годишниот скопјанец Д.П. Починал на лице место.

Објавил: Весна Петровска | 28 август, 2019 13:31

Страшни сообрќајки со жртви: Едната во Скопје – згасна млад жвотот, а другата во Македонски Брод

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Трагедија се случи на скопските улици, згасна млад животот во тешка сообраќајка. Идентитет на загинатото лице е познат.

Лицето кое загина е 38-годишниот скопјанец Д.П. Починал на лице место.

МВР информираше за тешкката сообраќајна несреќа.

-На 28.08.2019 во 03:48 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“ патничко моторно возило „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (22) од Скопје излетало од коловозот и удрило во дрво. Во незгодата сопатникот Д.П.(38) од Скопје, починал на местото на настанот. Возачот Ф.Б. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Расте бројот на жртви во сообраќајките низ цела држава

Извршен е увид од СВР Скопје.

Уште една трагедија како резултат на сообраќајна несреќа, но овој пат се случила во Македонски Брод. Повредениот од сообраќајката починал при транспорт до болница.

На 27.08.2019 во 18:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков, пред влезот за с.Ковче В.З.(46) од с.Растеш-Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

По незгодата возачот бил пренесен во Јавната здравствена установа – Македонски Брод, а оттаму во Општата болница – Прилеп, но при транспортот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Секојдневно расте бројот на жртви во сообраќајни несреќи, полицијата апелира да се вози внимателно и да не се управува во алкохолизирана состојба.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.