Поради судирот на две воздушни маси (топлата од југ и значително посвежата од север) локално има услови за ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследени со интензивен пороен дожд.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 јули, 2019 15:52

СТРАШНО: Доаѓа циклонот ГЛОРИЈА – од среда ГОЛЕМА промена на времето, силен ветар и НЕВРЕМЕ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Под влијание на циклонот ГЛОРИЈА веќе од среда па натаму очекуваме ЗНАЧИТЕЛНА промена на временската состојба кај нас, односто значителен пад на температурите на воздухот (за околу десет степени, засилен ветер од променлив правец како и нестабилност проследена со врнежи и грмежи).

Инаку условите за најпрвин изолирана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за град ќе започнат веќе од понеделник попладне, но сепак најголемата промена на времето ќе се случи во среда и во четврток кога на многу места ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи.

Поради судирот на две воздушни маси (топлата од југ и значително посвежата од север) локално има услови за ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења како и со појава на град.

За време на овој циклон локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2(, исто така значително количество на воден талог локално очекуваме да наврне за кратко време и тоа поради нестабилноста која се очекува, токму поради ова има услови да дојде и до локални поплавувања.

Од четврток па натаму максималните температури на воздухот ќе бидат значително пониски и на многу места ќе бидат под 30 степени, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен во најтоплите региони од државава.
Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...