Додека луѓето едвај излегуваат на крај со сиромаштијата во Македонија, градоначалниците и Владата секој ден се подновуваат со нови автомобили.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2019 13:28

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се поднови со ново Ауди А6 вредно 67.000 евра

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Општина Струга на крајот од ноември лани набавила 4 автомобили, во вредност од 114.000 евра.

Додека луѓето едвај излегуваат на крај со сиромаштијата во Македонија, градоначалниците и Владата секој ден се подновуваат со нови автомобили.

Градоначалникот на Струга и покрај модерниот автомобил што го употребува за лични потреби, од општината набавиле и една Шкода Октавија лимузина со пет седишта за речиси 19.000 евра како и два автомобили Шкода Рапид исто така лимузини со пет седишта за цена од 28.500 евра.

Битолската фирма „ЈОСИФОВ ДООЕЛ увоз-извоз“ го доби овој тендер. Владата на Република Македонија во претходната година, со 50 милиони евра од Буџетот ги покри долговите на општините.

Рамиз Мерко е  политичар со албанско потекло од редовите на ДУИ. Мерко бил градоначалник на Општина Струга во периодот 2005–2013, а бил и пратеник во Собранието на Република Македонија во периодот 2014–2016.

Во 2017 бил избран за министер без ресор во владата на Зоран Заев. Освен државни функции, Мерко ја обавувал и партиската функција претседател на огранокот на ДУИ во Струга.  Додека бил професор на универзитетот во Струга во 2016, државниот просветен инспекторат утврдил дека Мерко работел со невалидна диплома за докторски студии, но не покренал кривична постапка.

На локалните избори во 2017 го победил својот против-кандидат од редовите на Алијанса за Албанците Зијадин Села, станувајќи по трет пат градоначалник на Струга.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести