Кривичниот Суд во Скопје, точно на пладне го започна образложението за пресудата за Гордана Јанкулоска, која од судскиот совет е осудена на казна затвор до шест години

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 12:37

Судот на Јанкулоска и пресуди шест години

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Точно напладне во кривичниот суд во Скопје и биде изречена пресудата на поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за предметот “Тенк” на СЈО.

На последното рочиште од 3 октомври, обвинителството побара од судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.

Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршен збор наведе, дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.

Jaнкулоска има право да не присуствува при изрекувањето на пресудата, што и го искористи.

Јанкулоска е обвинета според член 353 став 5 за злоупотреба на службената положба и овластување. Законот предвидува ако делото е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот да се казни со затвор најмалку пет години.

За овој предмет веќе се осудени со правослна судска пресуда поранешниот премиерот Никола Груевски и помошник министерот во МВР, Ѓоко Поповски, со 2 односно 4 ипол години казна затвор.

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи од СЈО побара дополнителна мерка притвор, домашен притвор која би стапила веднаш на сила за Јанкулоска.

* Гордана Јанкулоска е поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија. На функцијата стапила на 27 август 2006 и ја извршуваше до 12 мај 2015 година, кога поднесе оставка. 

Јанкулоска е исто така претседател на Управните одбори на Национална платежна Картичка А.Д. – Скопје и на Централниот регистар; член на управниот одбор на “Центар за извонредност во финансии” – Љубљана; претседател на комисија за денационализација и член на Советот за денационализација.

Дипломира на правниот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а магистрира на Универзитетот во Кент, Кантербери, Велика Британија со диплома од највисок ранг.

Јанкулоска има работно искуство во различни сегменти на финансии, комбинирано со соработка со меѓународни институции, од повеќе позиции во Министерството за финансии на Република Македонија: Државен советник (координатор на секторот за правни, општи и сметководствени работи, управата за имотно-правни работи, одделение за одлучување во втор степен во управна постапка од областа на даноците и царините, капиталот за управување со секторот, информатиката и дирекцијата за спречување на перење пари).

Била и шеф на кабинетот на министерот; началник на одделение и самостоен советник во секторот за меѓународни финансии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.