Јанева согласно неуставниот закон за формирање на СЈО но и согласно членот од него, незаконски отворила 20 истражни постапки по зададениот краен рок за таква можност

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 12:32

СЈО нема мандат за нови обвиниенија, Јанева прави тешко кривично дело

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Основањето на Јавното Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои призлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е уредено со закон.

Законот за СЈО е противуставен како Уставот предвидува постоење на само едно Обвинителство што значи дека Јанева е плод на политички договор а не на законска а најмалку Уставна обврска.

Устав на Република Македонија:

Член 106

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителитe на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон.

Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и закон. Јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието за време од шест години.

Член 107

Јавниот обвинител ужива имунитет. За неговиот имунитет одлучува Собранието.

Функцијата јавен обвинител е неспојлива со вршење на друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.

Одтука е јасна и потребата на Пржинскиот т.н. договор со кој се уреди формирањето, постоењето но и ингеренциите на СЈО и Катица Јанена.

Со посебен Закон во основа се прекрши Уставот, затоа што само со Устав може да се регулираат законите а не обратно, како Уставот е највисок правен акт на државноста.

Дури и во Законот за Јавното Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои призлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите стои времена мерка до кога СЈО има мандат да отвара истраги.

Закон за Јавното Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои призлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите:

XV. Краен рок за покренување на обвинение

Член 22

Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност

Крајниот рок истече на 30 јуни 2017 година и до тогаш СЈО покрена 21 обвинение и 2 истраги. Сите под кодно име кое започнуваше со буквата “Т”.

Така до 30 јуни 2017 година кога законски СЈО и смееше да поднесува обвиненија и истражни постапки беа поднесени: Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, Т.Н.Т., Титаник 2, Титаник 3, Тортура, Тврдина 2, Насилство во Општина Центрар, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Тифани, Траекторија и Тревник.

Активно се водат 2 истраги и тоа за Табла и Талир.

И тоа е се со што СЈО може да работи. Но под политички притисок и партиска поддршка од СДСМ Јанева незаконски си продолжи да отвара истражни постапки и по крајниот рок при што често говореше дека датумите неа ништо не и значат, битно е да се заврши целата работа. Јанева заборави дека е неуставна и незаконска во својот избор и дека е на таа функција само како плод на политички договор.

Од 30 јуни 2017 година СЈО отвори во три наврати 16 нови постапки. Сите се незаконски и сите без “Т” во кодното име, а и не се јавно објавени ни на официјалниот интернет портал на СЈО.

Јанева прв пат го прекрши законот за СЈО на 19-ти декември 2017 година кога отвори 7 нови истраги. Странски служби, Друмарина, Набавка на радиолошка опрема – Рентген, Продуцент, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, 

Втор пат го прекрши законот за СЈО на 21-ви март 2018 година кога отвори 3 нови постапки. Беа отворени Попис, Моќник и Актор. Судската јавност тогаш реагираше дека Јанева нема ингеренции за нови предмети, но СДСМ и дозволи да ги оформи како предмети спротивно од законот за СЈО.

Последно Јанева го прекши законот вчера, 10-ти октомври 2018 година кога отвори дури шест обвинителни акти. Подарок, Пропаганда, Дизајн, Хармонија, Базни Станици и Пациент.

По информации од СЈО, во најава се уште 4 нови истраги. Не им се знае кодното име но се знаат осомничените. Тоа се истраги во кои таргет засега се триесетина осомничени, од кои поголемиот дел за првпат се соочиле со обвинителите од СЈО. Меѓу нив се Али Ахмети, Антонијо Милошоски, Томе Аџиев и Срѓан Керим.

Со тоа Јанева ќе има 20 нови истражни постапки т.е. обвинителни акти покрај постојните 21 што е за 100 отсто повеќе од она што до рокот СЈО го поднело.

Последната информација изјавена лично од Катија Јанева говори дека веќе се преслушани над 90 отсто од аудио записите а последните 10 отсто се дадени на стручен превод.

Сите факти отвараат правни прашања на кои Јанева на суд или во обвинителна клупа ќе мора да го даде одговорот.

По кои овластувања отворила 20 нови истражни постапки по завршувањето на законскиот рок?

По кој член од Уставот и Законот за Јавно обвинителство е формирано СЈО?

Зошто предметите прекинаа да носат кодно име со почетна “Т” точно на денот на завршување на последниот рок?

Власта на СДСМ и Зоран Заев но и судските истанци пак ќе мора исто така да одговорат на низа прашања:

Зошто судот и ги прифаќа новите обвиненија на Јанева кога тие не се поднесени во законскиот рок?

Кој одобрил проифаќање на нови обвиненија поднесени по законскиот рок?

Зошто Јавното Обвинителство на Република Македонија и Советот на Јавни обвинители на Македонија не реагирале?

На крајот од денот политичкиот мотив Јанева секогаш да делува командно пред референдум, пред избори, пред гласање за уставни промени и не е оценка на политичките партии.

По Устав и Закон за СЈО Јанева ќе мора да сноси кривична одговорност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.