За неа учеството на Евровизија никогаш не било да се влезе во финале, да се биде меѓу првите и да се победи, туку дека Евровизија значело повеќе од ова.

Објавил: admin@magazin | 19 февруари, 2019 21:24

Тамара на Евровизија ќе пеела за својата ќерка, граѓаните бурно реагираат!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Тамара Тодевска е овогодинешниот Македонски претставник на Евровизија.

Тамара Тодевска оваа година ќе ја претставува Македонија на Евровизија и по тој повод напиша дека оваа година одлучила да пее на Евровизија за нејзината ќерка.

За неа учеството на Евровизија никогаш не било да се влезе во финале, да се биде меѓу првите и да се победи, туку дека Евровизија значело повеќе од ова. Таа мисли дека Евровизија отсекогаш значела прифаќање на различното и пркосењето на правилата. Во својот статус дека таа се изјасни дека отсекогаш била прифатена како различна особа и поинаква од другите. Напиша дека сакала нејзината ќерка да биде горда на себе и на 16 мај ќе пее за неа.

Во продолжение прочитајте ја нејзината емотивна објава.

„Пред еден месец, кога добив покана да ја претставувам мојата земја на Изборот за песна на Евровизија во Тел Авив (покрај моето ентузијастично и радосно ,,Да!”), првото нешто што ми падна на ум беше: „Која ќе биде целта на моето учество на натпреварот? Што е тоа што сакам да го кажам? Што е тоа што сакам да го споделам со светот?“
За мене учеството на Евровизија никогаш не било да се влезе во финале, да се биде меѓу првите 10 или да се победи. Евровизија за мене отсекогаш била многу повеќе од тоа.

Во 2008 година заедно со Адријан Гаџа и Врчак победуваат на националниот избор за песна на Евровизија и со „Во име на љубовта” ја претставуваат Македонија во Белград-Србија. „Во име на љубовта” се снима на 6 верзии ( Македонски, Српски, Албански, Турски, Руски и Англиски) и за сите е снимен видео спот режисиран од Дејан Миличевич.

За мене Евровизија отсекогаш претставувала прифаќање на различното, пркосење на правилата и прифаќање на себеси, баш онаков каков што си. Евровизија е таа една вечер во годината кога публиката во целиот континент се собира на едно место за да ја прослави посебноста, храброста и вербата во себе! Тоа е местото каде што да се биде различен значи да се биде ГОРД на себеси.
Јас сум мајка на две деца, имам тригодишна ќерка и тримесечен син. Знам дека звучи како клише, но тие навистина го променија мојот живот и јас како мајка и како родител чувствувам дека е моја и наша обврска да донесеме позитивни промени во животите на нашите деца.

Целиот мој живот ми кажуваа дека не се однесувам женствено, дека не сум доволно добра, дека се движам и се однесувам како машко.

Наведни ја главата, облечи нешто секси и на никој нема да му биде гајле што зборуваш, ми велеа. За нив јас бев само уште една изгубена девојка.

Денес, кога ќе ја погледнам ќерка ми, сакам да има можност да расне во свет во кој никој нема да ѝ суди, нема да ѝ кажува како да се однесува, како да постапува или како да се движи. Сакам да знае дека не мора да ги следи правилата за да биде прифатена. Сакам да биде онаква каква што таа сака да биде и најважно, да биде горда на себе. Тоа е најмалку што можам да направам за неа.
Затоа, на 16-ти мај, ќе пеам за мојата ќерка.

Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А!
СЕКОГАШ ќе бидете доволно добри“-напиша Тамара!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.