Поранешниот "омилен" министер на Заев, открива дека премиерот ја прифатил Тиранската платформа и дека со нивните 4 амандмани таа треба да се реализира во целост

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 7:49

Таравари: Заев ја прифати Тиранската платформа, сега да ги прифати амандманите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Алијанса за Албанците не ја исклучува опцијата да го блокира собранискиот процес за преспанскиот договор, ако не им се исполнат барањата што имаат намера да ги достават како амандмани кога ќе се отвори Уставот.

Од партијата на Зијадин Села бараат албанската заедница да биде впишана како државотворен народ и албанскиот јазик да биде службен заедно со македонскиот.

Генералниот секретар на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари  вели дека ако не се исполнат нивните барања, органите на партијата ќе одлучуваат дали нема да го поддржат преспанскиот процес.

Партијата има органи тие ќе одлучат дали и како ќе гласаме ако нашите барања не се усвојат. Ова не е уцена, туку се барања за кои сега е шанса да се затворат, и потоа да се посветиме на европската агенда. – вели Таравари.

Тој потсетува дека ова е ветено од Заев уште во 2016 година. Тоа што ДУИ смета дека сега не е време за зачинување на преспанскиот процес со албанските барања, за Таравари е неважно.

Тие се нестабилни, вели тој. Потсетува дека и ДУИ се потписници на популарно наречената Тиранска платформа.

Ова е нешто што го пишува и во Охридскиот договор. Господинот Заев го вети уште во 2016 година, во делот за јазикот поконкретно. – додава Таравари.

Беса на Касами ќе интервенира со 4 амандмани. Немаат дилема дека нивните барања треба да поминат оти така ќе се исправеле неправдите кај албанската заедница и ќе се воведел концептот на граѓанска држава.

И за овие амандмани ќе треба двотретинско мнозинство за да бидат усвоени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести