Арбен Таравари изјави дека според интерните анкети во овој момент Гордана Силјановска Давкова води пред Стево.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 март, 2019 10:29

Таравари: Река ќе оди во втор круг а Силјановска ќе победи на изборите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вчера беше гостин во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат, каде изјави дека според интерните анкети во овој момент Гордана Силјановска Давкова води пред Стево Пендаровски .

Блерим Река од Алијансата на Албанците ќе биде прв на гласачкото ливче на претстојните претседателски избори, со реден број „два“ ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека бројот „три“ ќе го добие Стево Пендаровски од СДСМ.

Таравари од Алијансата за Албанците изјави дека тие го поддржуваат Блерим Река, кој има големи шанси за втор круг на изборите, но сепак предвидува победа за Силјановска.

– Ние веруваме дека кандидатот што го поддржуваме, Берим Река, кој во последно време има поддршка и од други етникуми, има шанси да влезе во вториот круг на изборите. Таму, според нашето истражување, треба да се соочи со Силјановска, која засега има мала предност во однос на Пендаровски, но да видиме како ќе се одвива кампањата, бидејќи до тогаш има уште време – рече Тараваари.

Таравари изјави дека не е точно, дека Алијансата за Албанците има договор со ВМРО-ДПМНЕ за меѓусебна соработа, откако излегоа гласини дека Алијансата треба да ги поддржи ВМРО-ДПМНЕ  а за возврат на тоа да победи Арбер Аголи во Дебар. Таравари одговорно тврди дека станува збор за шпекулации од страна на ДУИ.

– Тоа се шпекулации од кујната на ДУИ, кои беа единствена партија која имаше своја гостинска делегација на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, пред 10-15 дена направи Трајко Вељаноски да биде на слобода, за СДСМ ги донесе да работат Мијалков, Камчева, Муковски, Тодоров – наведе поранешниот министер за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.