По најавите на Милорад Додик дека ако Косово биде признаено од ОН тој ќе започне процес на независност на Република Српска низа реакции во регионот

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 7:47

Тачи: “Нема да дозволиме Република Српска на Косово”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По најавите на Милорад Додик дека ако Косово биде признаено од ОН тој ќе започне процес на независност на Република Српска низа реакции во регионот.

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека Србија и Косово се наоѓаат во критичен период од дијалогот и оти мисли дека тој и српскиот претседател Александар Вучиќ имаат волја да не дозволат минатото да ја блокира иднината или да го загрози мирот во регионот во наредните 5 или 50 години.

“Мојата цел не е некаква етничка поделба нити создавање втора Република Српска на нашата територија. Мојата цел е воспоставување на 400 километри долгата граница а тој процес бара креативни решенија кои ќе обезбедат мир сега и во иднина.” – вели Тачи за српскиот весник “Данас”.

Тој исто така порача дека финалната спогодба меѓу Косово и Србија ќе биде “европска спогодба” која ќе ја прифатат и Брисел и Вашингтон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.