Премиерите Заев и Борисов изразија меѓусебно уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции!

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2020 18:49

Телефонски разговор на Заев и Борисов околу подготовките за самитот на западен Балкан

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Телефонски разговор на премиерите Заев и Борисов: Подготовките за самитот на Западен Балкан се во тек, продолжуваме да разговараме за да најдеме решенија за отворените билатерални прашања.

Заев, како што информираат од владината прес-служба, во телефонскиот разговор со Борисов,најпрво му посакал добро здравје и брзо опоравување од коронавирусот, на што Борисов информирал дека се чувствува многу подобро и дека здравствената состојба му е стабилна.

Во телефонскиот разговор премиерите Заев и Борисов разменија информации околу подготовките за претстојниот самит во Софија во рамки на Берлинскиот процес и договорија уште еден телефонски разговор за утрешниот ден на кој ќе биде донесена одлука дали состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан во рамки на Самитот во вторник ќе се одржи со физичко присуство во Софија или целосно онлајн.

Премиерите Заев и Борисов изразија меѓусебно уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.