Имено на денешното рочиште одбраната бара целосно да се презентираат доказите и да не се исклучи јавноста. Ваквото барање го отфрли судот,  поради приватност на разговорите, и заштита на приватноста на другите лица, рече дека ќе ја исклучи јавноста која ќе смета дека за тоа има потреба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 февруари, 2020 16:16

Тензично на Рекет: Рускоска удри по Катица- ти да мислеше немаше да бидеш обвинета

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешното рочиште за случајот Рекет, кога се преслушуваа снимките доставени од бизнисменот Орце Камчев, ситуацијата беше тензична, објави тв 21.

Имено на денешното рочиште одбраната бара целосно да се презентираат доказите и да не се исклучи јавноста. Ваквото барање го отфрли судот,  поради приватност на разговорите, и заштита на приватноста на другите лица, рече дека ќе ја исклучи јавноста која ќе смета дека за тоа има потреба.

И бизнисменот Зоран Милески- Кичеец снимал разговори со Боки 13. Кичеец на 3 ти декември беше осуден на три години затвор за случајот Рекет.

На ова реагираше и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева која е второобвинета во случајот Рекет. Таа рече дека обвинителството требало да мисли на приватноста на разговорите кога ги презентирало доказите, на што Вилма Рускоска и врати дека таа да мислела, немаше сега да биде на обвинителна клупа.

За да биде се така тензично, и Бојан Јовановски се приклучи на дебатата помеѓу обвинителките, и ја обвини обивнителката Рускоска дека монтирала случаи. По ваквото однесување, судијата даде последна опомена пред да ги отстрани обвинетите.

Во моментот се слушаат и снимки кои  како што рече обвинителката Вилма Рускоска, ги направил сега првостепено осудениот Зоран Милевски – Кичеец.

„Бараме да не биде исклучена јавноста во процесот. Бараме целокупното УСБ на Зоран Кичеец да биде презентирано денеска, и бараме да не бидат исклучени непријатните работи, за да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран во интерес на јавноста“, рече Јанева на денешното рочиште.

На ова реагираше Јованвоски кој рече дека сака да биде отстранет од судница за време на емитувањето на тие разговори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.