Британската премиерка ја промовира земјата како економски најповолна за инвестиции по Брегзит, ако инвестирате кај нас по излезот од ЕУ, ќе ви понудиме најниски даноци

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 7:13

Тереза Меј бара нови инвеститори во Британија по Брегзит

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Британската премиерка, Тереза Меј, ги повика бизнисмените да инвестираат во Обединетото Кралство по излегувањето од ЕУ.

Слободна трговија, иновација и соработка се важни елементи помеѓу партнерите со кои ќе тргуваме. – рече Меј.

Состојбата на Обединетото Кралство е се уште под знак прашалник, изјави премиерката и додаде дека иако односите со ЕУ ќе се променат, овие две страни ќе продолжат да соработуваат.

Би сакале непречена трговија. – изјави Меј за време на Глобалниот бизнис-форум на Блумберг.

Покрај ЕУ, таа објасни дека Кралството би сакало да развие поамбициозни планови и односи со други земји и бизниси ширум светот.

Без разлика на кое поле работите, ако инвестирате во Британија по излезот од ЕУ, нашата земја ќе ви понуди најниски даноци. – изјави премиерката.

Меј ја повика Светската трговска организација да воведе промени со кои ќе се адаптира на промените на глобалната економија.

Светката трговска организација мора да земе поголем замав и во својот мандат да воведе промени и реформи кои ќе ја задржат довербата во системот. – таа заклучи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести