Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Објавил: Македонка Димкин | 13 февруари, 2019 20:29

Обновено: 13 Мртви е епилогот од страшната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Тринаесет лица загинаа во автобуската несреќа која попладнево се случи на автопатот Скопје-Тетово , искрено жалам, изјави пред малку министерот за здравство, Венко Филипче. Во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа – автобус полн со патници се преврте во провалија.

Јавен обвинител од скопското Обвинителство е на местото на незгодата и врши увид, соопштија од Обвинителството. Оттаму потврдуваат дека автобусот е сопственост на фирмата „Дурмо турс“. Од Обвинителството соопштија дека автобусот ќе се извлекува утре, а од возачот на автобусот кој е хоспитализиран ќе се зема крв и урина за анализа.


20:40 „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која до овој момент 13 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.

Според првичните информации од увидот, несреќата се случила попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото. Во текот на ноќта местото на несреќата ќе биде обезбедено, а увидот и извлекувањето на автобусот ќе продолжи во текот на утрешниот ден.

Возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран, а од страна на надлежен јавен обвинител е издадена наредба за анализа на крв и урина.“, стои во соопштениот од Обвинителството.


20:29 На терен интервенирале 13 возила од Здравствениот дом Скопје и од приватните болници Систина и Неуромедика. Министерот Венко Филипче на прес-конференција рече дека повредените патници добиле прва помош на местото на настанот, а оние на кои им била потребна интервенција биле пренесувани во скопските болници.

Неофицијално возачот имал инфаркт по што изгубил контрола врз возилото но тој сепак преживеал.

20:00  Седуммина од патниците починале на самото место. Меѓу загинатите има и помлади лица на возраст од 25-30 години. Меѓу починатите патници нема деца, а преживеал и возачот на автобустот.

„За жал се случи тешка сообраќајна несреќа. Се преврте автобус со 50-ина патници. Веднаш после добивањето на информацијата јас се упатив на лице место. Ги упативме и возилата на итната медицинска помош. Пациентите се транспортираа во скопските болници. Во 8 септември, 25 пациенти, 22 ца се хоспитализирани, тројца се полесно повредени, четворица се на интензивна и кај двајца се спрема хируршка интервенција.

Во Ургентниот центар на скопски клиники, примени се пет пациенти, од кој тројца се со полесни повреди, меѓу нив и една бремена жена. Кај еден се спрема интервенција , а еден е во крајно тешка животно состојба. Се надевам дека нема да има дополнителни компликации“, рече Филипче.


Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

18: 15 Десетици патници се повредени, а неофицијално има и мртви. На терен се десетици екипи на брза помош  а неофицијлано досега Автобусот сеуште не е вратен во нормална положба при што се стравува дека во него би можело да има повредени или мртви патници

18:59  Неофицијално дознаваме дека на автобусот му пукнала гума. Автобусот сеуште е во истата состојба и се чека механизација. Автобусот бил на фирмата „ДУРМОТУРС„ и во него имало околу 50 патници

19:04 Несреќата се случила во близината на селото Ласларче, автобус од автопат се превртел на стариот пат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...