Ставот на Франција беше познат и познат е од вчера

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 14:20

Тимоние: Ако сакате да почнете преговори со ЕУ одете само напред

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Се работи за еден урамнотежен текст кој ги одразува напорите кои беа направени од страна на оваа земја и напорите кои останува да се направат. Со еден збор да кажам „напред, одете само напред“.

Ова го истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање за негов коментар за вчерашната одлука на Советот на ЕУ да и даде условена препорака за почеток на преговори на Македонија во јуни 2019.

– Ставот на Франција беше познат и познат е од вчера. Сега се наоѓа на одобрување пред шефовите на држави и влади на следниот состанок што ќе следи на самитот, изјави амбасадорот Тимоние пред промоцијата на книгата „Европа, нашиот заеднички дом“ од Жан Моне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.