Момчето е фатено како во пијалокот на колегите од работа става ЛСД

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2019 19:37

Тинејџер ги дрогирал колегите зошто му биле здодевни

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

19 годишен тинејџер од американската сојузна држава Мисури ги шокирал сите кога дознале што им правел на своите колеги. Имено момчето е фатено како во пијалокот на колегите од работа става ЛСД , а во самоодбрана изјавил дека тоа го правел бидејќи неговите колеги биле премногу нерасположени и здодевни.

Халуциногената дрога ЛСД чие име е кратенка од германскиот назив на диетиламид-лизергинската киселина, асоцира на хипи-движењето и на вудсток-уметноста на 60-тите години на минатиот век.

Инаку младото момче, ја признало својата вина за ставање халуциногена дрога, и ги прифаќа последиците, па сега му се заканува казна за дрогирање на колегите со халуциногена дрога како и за поседување на недозволени супстанции.

Инаку тинејџерот бил вработен во компанија за изнајмување автомобили, а на дело го фатила менаџерката на фирмата. Откако забележала дека нешто не е во ред со неколку колеги, а еден од нив почнал и да се тресе. Инаку младиот тинејџер се обидел да стави дрога и во чашата со вода на менаџерката, но за среќа таа забележала дека се случува нешто чудно па не ја испила. Инаку кога полицајците започнале со испрашување н а19 годишното момче, го прашале зошто го сторил тоа, тој во самоодбрана одговорил дека колегите му биле многу негативни и антипатични, па решил да им стави дрога, но не за да им наштети туку само сакал да им го поправи расположението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.