Како што објавија албанските медиуми земјотресот  бил 5,6 степени според Рихтеровата скала. Според она што може да се види на видеото кое е објавено од албанските портали земјотресот се случил за време на посетата на косовскиот претседател Хашим Тачи на местото Тумана.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 ноември, 2019 19:23

Тлото се тресеше додека Тачи даваше изјава- снимен е моментот на земјотресот (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашниот земјотрес кој ја погоди Албанија, денеска нов силен земјотрес повторно го тресеше тлото но овој пат епицентарот беше на дното на Јадранското Море.

Како што објавија албанските медиуми земјотресот  бил 5,6 степени според Рихтеровата скала. Според она што може да се види на видеото кое е објавено од албанските портали земјотресот се случил за време на посетата на косовскиот претседател Хашим Тачи на местото Тумана.

Тачи во моментот кога давал изјава за медиумите се почувствувал силниот земјотрес.

Во моментот кога претседателот на Косово давал изјава за медиумите фатен е земјотресот кој денеска ја потресе Албанија. Епицентарот на земјотресот беше во Јадранското Море.

Земјотресот на кратко го спречи Тачи да продолжи со изјавата, а во истиот момент сите присутни го завртеа погледот околу околните згради. На видеото може да се забележи багерот и возилото на брзата помош кои во тие моменти се треселе од силата на земјотресот.

Овој земјотрес, според црногорските медиуми, се почувствувал и во Црна Гора, како и во Косово.

Од страотниот земјотрес најмногу беше погоден албанскиот град Драч. Бројот на жртви се искачи на 29, но се уште се трага по преживеаните и не се знае точниот број на исчезнати. Спасувачките тимовибез престан работат на терен и трагаат по луѓето кои се затрупани во рушевините.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.