Тоа што го зборувате е смешно, зад нас е целиот слободен свет, Захарова му одговори на италијански новинар

Објавил: Македонка Димкин | 2 септември, 2023 15:28

Тоа што го зборувате е смешно, зад нас е целиот слободен свет, Захарова му одговори на италијански новинар

Фото/Текст извор: ©ТАС

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, денеска бурно реагираше на прашање на италијанската новинска агенција АНСА.

Прашањето гласеше: “Приходите од извозот на нафта и гас значително се намалија, рубљата падна и инфлацијата расте. Во исто време, беспилотните летала стигнуваат речиси секој ден во Москва. Уште колку Русија ќе може да го одржува овој конфликт?”

Следеше бурна реакција на Захарова: „Тоа што го кажувате е смешно, САД пресметаа дека нема да издржиме ниту еден месец во 2022 година, откако ги воведоа нивните „санкции од пеколот“, да ги користат нивните зборови“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.