Тодоров се обиде да се демантира, но со својата изјава по социјалните мрежи дека ќе излезе на гласање на претстојниот рефереднум за гласа "против" доби реакција на гнев од народот

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 15:07

Тодоров сепак ќе гласа, против, да помине цензусот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот министер за сите Влади на Никола Груевски од ВМРО – ДПМНЕ, поранешен висок партиски функционер и поранешен пратеник, Никола Тодоров на социјалните мрежи предмалку се обиде да ја демантира веста дека ќе гласал со “за” на претстојниот референдум.

Но со самиот ФБ пост Никола Тодоров уште повеќе го навлече гневот на симпатизерите, членството на ВМРО – ДПМНЕ но и граѓаните на Македонија.

Никола Тодоров демантира дека ќе гласа со “за” на претстојниот референдум, ќе излезел да му помогне на Заев да има цензус и ќе гласал “против”.

Имено Тодоров ја демантира како лажна веста дека ќе гласал со “за”. Тој тврди дека на референдум ќе излезе и ќе гласа “против.”

Со оваа изјава Никола Тодоров индиректно потврдува дека ќе се обиде со излегување и остварување на своето гласачко право да се подигне потребниот цензус за референдумот за промена на името.

Имено Тодоров напиша:

Лажна вест е дека сум рекол дека ќе гласам “за” на референдумот. Напротив, реков дека срце не ми дава да заокружуам “за”. Јасно кажувам дека ќе гласам ПРОТИВ договорот, а за ЕУ и НАТО. Ќе си го напишам сам прашањето, и вака ќе си го одговорам.

Реакциите на ваквиот став не поминаа незабележано од симпатизерите, членството на ВМРО – ДПМНЕ но и граѓаните на Македонија кои не штедеа зборови за невреди што Тодоров индиректно му помага на СДСМ и ДУИ за реализација на успешен референдум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести