Максималните темпераури ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

Објавил: Владо Марин | 27 јули, 2021 11:18

ТОПЛОТНИОТ БРАН ОВИЕ ДЕНОВИ ЌЕ УСЛОВУВА ТЕМПЕРАТУРИ ПОВИСОКИ ОД ПРОСЕЧНИТЕ ДУРИ ЗА ОКОЛУ 10 СТЕПЕНИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изразениот топлотен бран се до крајот на оваа седмица ќе условува температури значително над просекот и истите ќе бидат повисоки од просечните дури за околу 10 степени.

Максималните темпераури ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено и локално ќе засилува.

Во следните денови ќе биде пристуна и Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена и ќе има намалена видливост.

И во Скопје  и околината во следните денови температурите се очекува да достигнат 40 степени, има услови истата да се искачи и над 40 степени а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.

Инаку, според најновите анализи со кој располагаме, топлотниот бран ќе се задрши и на почетокот од следната седмица.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.