Сара Максимовска: Некогаш во Македонија имаше вистинска ѕвезда

Објавил: admin@magazin | 13 јули, 2018 0:49

»Тоше Проески: Не пеам за партиите, тоа се проколнати пари!«

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По најавата на актуелната власт дека за во сабота организираат голема граѓанска прослава, по повод „наводната покана од НАТО и ЕУ„, додека во исто време државата е презадолжена, на улици се убиваат деца, во болниците има рекорден број на мртви новороденчиња, младите се иселуваат во забрзано темпо и се градат кампови за мигранти,  на социјалните мрежи се појавија бројни негодувања.

Најдобар статус постираше Сара Максимовска, таа напиша , Некогаш во Македонија имаше вистинска ѕвезда и во прилог постираше исечок од интервју на Тоше Проески каде што тој гордо изјавува:

Не пеам за партиите, тоа се проколнати пари. Подобро парите што мислеле да ми ги дадат, да ги поделат на сиромашните. Тогаш ќе пеам за сите политички партии

Инаку од владата најавија дека забавата која ќе се организира во Сабота под мотото „Одиме напред„ ќе се одржи во 15 градови со 40 артисти.
Од Македонската Дијаспора Европа пак со известување дека сите Актери кои ќе настапат во сабота можат да заборават на настапи во иднина организирани од дијаспората.

Антонио Милошоски пак на својот ѕид на Твитер напиша: Многу се актери, малку карактери! Еден е Тоше!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.