Американскиот претседател во отворена "војна" со медиумите за кои смета дека шират "лажни вести"

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 13:11

Трамп: “Адвокатот на Белата куќа не е “стаорец” како адвокатот на Никсон!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека адвокатот на Белата куќа Дон МекГен не е “стаорец” како што тоа бил за време на аферата “Вотергејт” адвокатот на тогашниот претседател на САД Ричард Никсон Џон Дин а истрагата на руското мешање во американските избори Трамп го нарече “макартизам”.

Трамп истакна дека “пропаднатиот Њујорк тајмс напиша лажен текст” наведувајќи дека правниот советник во Белата куќа Дон МекГен откако со часови сведочел пред специјални истражител е исти тип на “стаорец” [ rat ] како Џон Дин.

“Но – јас нему како и на други им дозволив да сведочат. Немам што да кријам.” – нагласи Трамп.

Аферата “Вотергејт” е политички скандал во САД од 1972 – 1973 година што настанал со откривање на уреди за прислушкување во изборниот штаб на соперничката Демократска партија во комплексот “Вотергејт” од стана на Републиканската партија. Откривањето на случајот доведе до оставка [ прв и единствен пат ] на претседателот на САД на 9-ти август 1974 година.  На фотографијата: Претседателот на САД Никсон [ лево ] со Брежњев раководител на СССР.

Дин беше правен советник на Никсон за време на скандалот “Вотергејт” и на крајот соработуваше со обвинителството и помогна да се дојде до завршница на претседателскиот мандат на Никсон кој поднесе оставкка во 1974 година.

“Пропаднатиот “Њујорк Тајмс” објави вест во која наводно адвокатот на Белата куќа е против претседателот а всушност е обратно и новинарите тоа го знаат.

Поради тоа лажните вести се непријатели на американскиот народ и тоа е лошо за Америка.” – напиша Трамп.

Реагирајќи на текстот во “Њујорк Тајмс” дека МекГен на специјалниот обвинител Малер му доставил детален приказ на ставови на Трамп во врска со клучни наоди од истрага американскиот претседател ја спореди истрагата со онаа против комунистите што ја водеше покојниот сенатор Џозеф Макарти.

“Толку животи уништени поради ништо – МАКАРТИЗАМ – во најлошо светло! Проучувајте го покојниот Макарти затоа што сме сега во таков период кога Малер и неговата банда ќе направат Макарти да изгледа како бебе. Наместен лов на вештерки.” – објави Трамп на Твитер.

За разлика од Никсон Трамп нема да отиде своеволно или грациозно наведува Дин на Твитер. Тој изнесе сомнеж дека Трамп има “каква било идеја што МекГен му рекол на Малер” и дека како што наведе Никсон знаел дека има средби со обвинители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.