Во име на американскиот народ, ви честитам за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа, напиша Трамп во писмото што му го испрати на премерот Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 февруари, 2019 13:35

Трамп до Заев: „Вие сте храбар лидер-ова е најисториското достигнување на Балканот„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на САД, Доналд Трамп испрати писмо до премиерот Заев во кое му честита за големото лидерството и посветеноста.

Претседателот на САД Доналд Трамп во писмо му ја честита на премиерот ратификацијата и имплементацијата на договорот од Преспа и наведе дека ова е нај историско достигнување на Балканот.

Трамп напиша дека се надева дека договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот кои имаат сличен проблем. Американскиот претседател ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст, лидерите може да направат тешки компромиси кои се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина, пишува во писмото испратено до премиерот Заев.

Доналд Џон Трамп е стопанственик, јавна личност и 45. претседател на САД. За време на неговата деловна кариера, фирмите на Трамп изградиле, реновирале и управувале со голем број на деловни згради и простории, хотели, казина и терени за голф. Трамп бил сопственик на Мис САД и Мис Универзум од 1996 до 2015. 

Во име на американскиот народ, Ви честитам за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа. Ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за Вашето храбро лидерство.

Преку Вашите напори со Премиерот Ципрас, обезбедивте постабилна и попросперитетна иднина, не само за вашите две земји, туку и за целиот регион. Вашата земја сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија.

Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.