Кумановската противпожарна единица известува дека скоро секој ден гори сува трева во месноста "Багрем Бања"

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 9:31

Три пожари за еден ден во Куманово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера три пожари беа регистрирани на подрачјето на Куманово информираа денеска од Територијалната противпожарна единица.

Пожарникарите интервенирале на пожар кој избувнал под Спомен костурницата од 20:25 до 21 часот а во акцијата било употребено едно противпожарно возило.

Вчера во два наврата горела сува трева и стрниште во месноста “Багрем Бања” во населбата “Перо Чичо”.

Првиот пожар е регистриран во 13 часот a вториот на истата локација во 18:15 часот и во двата пожара пожарникарите реагирале по дојава на локалното население.

Со зголемување на температурите речиси секојдневно гори сува трева и стрништа на повеќе локации во Куманово но речиси секојдневно во месноста “Багрем Бања”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.