„Дали повторно следниве два дена како и предходно луѓе вработени од ваша страна во 6та управа и ваше лично обезбедување ќе бидат главните организатори и агитатори во изборниот процес за Илиевски и најгрубо ќе го кршат законот.

Објавил: Перо Милчин | 30 октомври, 2021 11:02

(ВИДЕО) Димитриевски: Зошто толку полициски возила одат кон Куманово неколку часа пред изборниот молк?

Фото/Текст извор: ©магазин

Зошто толку полициски возила одат кон Куманово неколку часа пред изборниот молк?

Независниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски преку социјалните мрежи го праша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово на неколку часа пред изборниот молк?

Дали повторно следниве два дена како и предходно луѓе вработени од ваша страна во 6та управа и ваше лично обезбедување ќе бидат главните организатори и агитатори во изборниот процес за Илиевски и најгрубо ќе го кршат законот.

Ги охрабрувам кумановци и им ветувам дека после понеделник ќе отпочнам со процесот на демонтажа на узурпираното МВРО2, притисоците кај кумановци не поминуваат“, прашува Димитриевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести