Покрај тоа, кривични се поднесени и против двајца прилепчани за кои полицијата се сомнева дека помогнале во разбојништвото.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 февруари, 2019 18:53

Тројца српски државјани ограбиле златара во Прилеп

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Секторот за внатрешни работи Битола до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против тројца српски државјани дека ја ограбиле златарницата во старата градска чаршија во Прилеп.

Како што информираат од МВР, во утринските часови вработената во златарницата „Бубамара“ го поставувала излогот и 35-годишен српски државјанин со чекан го скршил стаклото од вратата и влегол внатре.

По него влегол и неговиот 41-годишен пријател и ортак, кој вперил пиштол кон вработената и почнал да го собира златниот накит.

Полицијата се сомнева дека во грабежот биле замешани и двајца прилепчани. 
Со автомобил „форд фиеста“ другиот помагач ги чекал пред златарата и потоа побегнале од местото на настанот. 
Осомничените прилепчани им помагале на Србите со сместување, храна и мобилни телефони. МВР информира дека сите осомничени се приведени во полиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.