Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција со Русија постигна договор за укинување визи за бизнисмени и возачи на камиони

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 11:51

Турција со Русија постигна договор за укинување визи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција со Русија постигнала договор за укинување визи за бизнисмени и возачи на камиони јавува “Anadolu Agency” [ AA ].

“Со Русија начелно се договоривме во врска со укинувањето визи за нашите бизнисмени како и за нашите возачи на камиони.” – рече Чавушоглу во обраќањето на 10-тата Конференција на амбасадори во Анкара.

Истакна дека во текот на вчерашниот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше за прашањето на укинување на визи и за сириската криза.

“Начелно се договоривме за укинување визи за нашите бизнисмени посебно за возачите на шлепери и камиони. Мораме од некаде да почнеме. По бајрамските празници ќе се состане заедничка работна група која овој договор ќе го спроведе на дело.” – рече Чавушоглу.

Изрази надеж дека висите со Русија во потполност ќе бидат укинати.

“Се надеваме дека визите ќе бидат укинати. Така беше пред кризата која ја имавме. Дури водевме преговори за патување без пасоши.” – рече Чавушоглу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.