Државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија е функционер на ДУИ.

Објавил: Перо Милчин | 10 јуни, 2019 11:56

УАПСЕН ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО!

Фото/Текст извор: ©онлине махазин

Утринава по налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, уапсен е државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово.

Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер.

Според се уште неофицијални информации се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година.

Јахи Јахија од Куманово (десно), е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер.

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија е функционер на ДУИ.

Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА, јавуваат вработени од министерството, од ДИК и од другите министерства што се во објектот.

Според очевидци од соседството на ЈахиЈахија, тој бил уапсен рано утринава и полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи претрес првин таму. Неофицијално во истрагата е опфатена и уште една поранешна раководителка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.