Италјанските медиуми кои ги објавија видеата за случајот „Рекет“ јасно се слушна гласот на Катица Јанева, додека целата македонската јавност остана во шок Катица ужива и се масира на плажа.

Објавил: Весна Петровска | 10 август, 2019 16:40

УЛОВЕНА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН: Катица Јанева замина на Кипар?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

За време на најголемиот рекетарски скандал во Македонија, во кој е инволвирана и Катица Јанева, шефицата на СЈО си користи годишен одмор. Доказ за тоа се фотографиите кои осамнаа овие денови на социјалните мрежи.

Италјанските медиуми кои ги објавија видеата за случајот „Рекет“ јасно се слушна гласот на Катица Јанева, додека целата македонската јавност остана во шок Катица ужива и се масира на плажа.

По одморот во Грција, Катица Јанева реши да оди на Кипар. Таква шпекулација. информација  се  врти на Твитер  дека Катица Јанева заминала за Кипар (во Лимасол) со три фотографии од нејзе на граничен премин во прилог

 

Инаку Кипар важи за земја со многу либерална банкарска политика, односно доколку клиент влезе со 200.000, 500.000 или 800.000 евра во кеш во банка, и сака да отвори сметка и да ги орочи, нема да го прашуваат за потеклото на парите и ќе му/и биде отворена сметка

Катица Јанева уловена на граничен премин

Катица Јанева се огласи по снимката која ја објави италјанскиот весник. 

 

Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со случувањата за случајот Pekeт.

Фрапирана сум како моите постапки како Специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот Pekeт.

Како Специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите ocoмничени како и со други лица во врска со kpивичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на инфорамции како би ја подобрила позицијата во контекст на ocoмничените за секоја истрага/предмет поединечно.

Сум разговарала за зголемување на степенот на соработка со осомничените, за откривање на нови сознанија во корист на истрагата, поточно, за подобрување на нашите позиции како јавни обвинители, но во никој случај и во ниеден момент не сум тргувала со никакво влијание, не сум ја злоупотребила својата функција и не сум постапувала спротивно на законот.

Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина.

Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот Pekeт, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име.

Откако ќе бидат презентирани десетината истраги подготвени за брзо процесирање, од страна на СЈО многу нешта ќе бидат појасни за јавноста.

Во тие истраги се осомничени и се надевам дека ќе бидат обвинети многу поранешни и сегашни функционери во власта и значајни личности во партиите, па од таму е јасно зошто некој со сите сили и со невидена медиумска хајка се обидува да го загpoзи мојот и кредибилитетот на СЈО како и на сите други обвинители, а со тоа се обидува да ги уништи кривичните предмети кои се водат во обвинителството.

Се надевам дека тоа нема да се случи.

Очекувам пратениците на седница на Собранието на РСМ, во најбрз можен рок да го донесат Законот за ЈО на РСМ.

Откако ќе се вратат сите обвинители од ЈО од годишен одмор, пред донесување на законот за ЈО, ке има целосен отчет за досега сработеното во врска со истрагите и предистрагите кои се водат во СЈО.

Тоа е моја обврска и задача која ќе ја презентирам пред јавноста и надлежните институции, со што ќе бидат отстранети сите евентуални притисоци кои би можеле да ги имаат обвинителите во СЈО кои и досега си ги работеа сите кривични предмети, се разбира во заедничка кординација со мене.

Потоа очекувам овие предмети кои се во СЈО, да продолжат да се работат од страна на надлежното обвинителство, со што ќе се продолжи борбата против корупцијата и борбата за владеење на правото.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.