Унгарија, Србија и Бугарија постигнаа договор за изградба на систем за пренос на гас кој би се надоврзал на трасата гасовод позната како "Турски поток" која ќе пренесува руски гас

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 7:59

Унгарија, Бугарија и Србија ќе градат гасен систем за поврзување со “Турски поток”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Унгарија постигна договор со Бугарија и Србија за изградба на систем за пренос на гас, кој би се надоврзал на втората траса од гасоводот “Турски поток” соопшти унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Унгарија е заинтересирана за дистрибуција на гас од „Турски поток“ по изградбата на неговата втора траса. – изјави Сијарто во Москва по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Сијарто истакна дека Унгарија апелира до ЕУ да не прави пречки за изградбата на “Турскиот поток”.

Западна Европа може да купува гас од северната рута. Ние од Централна Европа сакаме иста таква можност. Сакаме Западна Европа и Брисел да не ставаат пречки, со цел да имаме можност да добиваме гас и од југ. – изјави Сијарто, најавувајќи дека во 2020 година Унгарија ќе купи над четири милиони кубни метри гас од Русија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.