Српските националистички песни се популарни во авторитерните земји

Објавил: Узунов Бобан | 16 март, 2019 12:42

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Војници на Северна Кореја пеат песна за Радован Караџиќ

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Една од омилените меѓу војниците во Северна Кореја, кои уште во 2015 година се снимени како пеат српски песни, во кои меѓу другото се споменува Радован Караџиќ. 

За неговата улога во војната во Босна Хашкиот Трибунал го обвинува Радован Караџиќ по единаесет точки и тоа:· 6 обвинувања за геноцид, соучество во геноцид, злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војувањето и тешки повреди на Женевската конвенција од 1949 година ( намерно убивање)· За протерување на политичка, расна и верска основа и други нехумани дејствија, насилно преселување – депортација· За насилно принесување на терор меѓу цивилите и држење на заложници

Радован Караџиќ е српски психијатар,поет и политичар, прв претседател на Република Српска, па и еден од основачите и прв претседател на Српската демократска партија,во тогашно време демократска партија на Босна и Херцеговина. Роден е на 19 Јуни 1945 година во Петњица, општина Шавник во Црна Гора. Имал три браќа и една сестра: Иванка, Лука, Иван и Радислав. Неговиот татко Вуко бил занаетчија,шивач и чевлар, но исто така свирел и неколку инструменти.

Неговата фамилија влечи потекло од Косово и Метохија, но подоцна се преселиле кон Црна Гора. Основно училиште завршил во Никшиќ. Со свои петнаесет години заминал во Сараево каде што се запишал во средно медицинско училиште,а своето образование го продолжил и на медицинскиот факултет во Сараево, па потоа специјализирал невропсихијатрија. Дел од своето образование го поминал и во Соединетите Американски Држави

Избран е за претседател на Република Српска на 12 мај 1992 година и на таа функција останал се до 30 јуни 1996 година. Под притисок на тогашните белградски власти и светските лидери, Радован бил приморан да го прифати Венс-Овеновиот мировен план на собирот во Атина, кој план подоцна го одбило Народнато собрание на Република Српска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести