Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 8:20

Условно отворање на преговорите на Македонија со ЕУ во јуни 2019 година

Фото/Текст извор: ©Телма

Можно е условно отворање на преговори на Македонија со ЕУ во јуни 2019 година. Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.

Отворање на преговорите за Македонија е условено и со постигнување напредок во реформите.

Европскиот комесар за проширување на Европската Унија, на Твитер изрази задовоство што Албанија и Македонија сепак ќе започнат пристапни преговори за членство во ЕУ во јуни следната година.

„Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон проширувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ“, напиша Хан на неговиот Твитер профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.