Мицкоски побара нова лидерска средба, Заев закажа нова за утре

Објавил: admin@magazin | 18 јули, 2018 22:34

Утре нова лидерска средба

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во изјава по вечерашната лидерска средба изјави дека за утре закажува нова средба по барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на која ќе присуствуваат лидерите на четирите најголеми партии.

Премиерот меѓудругото рече дека недостоинствено е однесувањето на Мицкоски, како и тоа дека требало да седи рамо до рамо со сите партии.

Однесувањето на Мицкоски е навредливо и недостоинствено. Ако е за НАТО и ЕУ требаше да седи рамо до рамо до сите партии и да носи одлуки за нашите граѓани. Тој одлучи да избега од средбата и да избега од одговорност. Што е тоа што Мицкоски не е спремен да го каже пред сите лидери, а е спремен да го каже пред четирите лидери. Утре во 12 часот закажувам средба во помал состав на која Мицкоски ќе има можност да каже дали е за НАТО и за Еу и граѓаните да одлучуваат, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.