Заев гостуваше на една трибина кај Австрискиот институт за надворешна политика каде што му беа поставени многу прашања.
На едно од прашањата пoврзано со реформи Заев сe пофали дека за една година неговата влада успеала да привлече многу моќни и големи фирми и дека тоа ќе обезбеди отворање на 12 000 нови работни места.
Да се потсетиме дека ако известуваме реално и објективно , Зоран Заев на почетокот од својот Мандат најави пуштање на Фабриката за Автобуси САНОС во Скопје во еден негов настап на ТВ кој беше директно пренесуван од фабриката САНОС, за после многу новинари да откријат дека всушност фабриката има само неколку вработени и е целата обвиена со пајажина.
Премиерот Заев исто така изјави и дека забрзано се градат автопатите во Македонија како што е автопатот Охрид – Кичево иако сме сведоци дека токму таму се одвиваат само минимални работи и дејствија што не е вообичаено кога се гради еден автопат.
Заменик-шефот на бирото на АФП, во Брисел на својот Твиттер профил напиша:
Нема договор за Македонија / Албанија. Нема договор за мигранти. Нема договор за реформи на еврозоната. Нема договор за Брексит. Навистина ѕвездена недела за ЕУ
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.