Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се лекуваа во домашни услови.

Објавил: Перо Милчин | 19 април, 2020 14:29

Филипче: Двајца починати, 15 излекувани и 37 потврдени нови случаи на Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во изминатите 24 часа потврдени се 37 нови случаи на заразени со Ковид 19, со што вкупниот број на дијагностицирани со вирусот во земјата достигна 1207 луѓе.

Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се лекуваа во домашни услови.

Потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава.
– Скопје 8
– Куманово 9
– Прилеп 5
– Тетово 3
– Велес 3
– Охрид 8

– Кочани 1

Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19, вели министерот Филипче.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања на коронавирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.