Три новодијагностицирани лица на ковид-19, со што вкупниот број на заболени во земјава достигна 70.

Објавил: admin@magazin | 20 март, 2020 15:37

ФИЛИПЧЕ: Тројца новозаболени, вкупно 70 во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Седумдесет лица во земјава се заразени со коронавирус, објави пред малку министерот за здравство Венко Филипче.

Три ново дијагностицирани лица на ковид-19, со што вкупниот број на заболени во земјава достигна 70.

„Денеска се направени вкупно 43 тестирања, од кои позитивни се три, и сега вкупниот број на дијагностицирани се 70. Една пациентка која патувала во Србија, бабата на девојчето во Штип има позитивен тест, и уште еден пациент од Скопје, рече министерот.

Сите пациенти се со релативно стабилна лесна до средна клиничка слика, вели Филипче.

Пациентката од Дебар е единствена, во доцните часови навлезе во многу критична состојба. Се прават сите напори, но нејзината ситуација е покритична од тоа што беше во текот на изминатиот ден. Направена е домашна визита кај скоро сите пациенти коишто се на домашно лекување. Има пациенти коишто избираат да се лекуваат дома и да не бидат хоспитализирани.
Имаме само 1 пациент на респираторна машина. Нашата земја располага со 120.

Се претпоставува дека на илјада пациенти ќе има 50 на респираторна машина. Набавката е во тек, проблемот е што машините се запрени во Бразил со одлука на нивната влада. И Кина резервира 200 респираторни машини за Македонија. И во овој момент располагаме со голем број на респираторни машини. Во нашата земја вкупно се направени 888 трестови. Во овој момент лабораторијата располага со 140 диополнителни. Ќе бидат набавени 1000 и ќе имаме донација од 1000.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...