Управата за финансиска полиција од ноќеска на терен

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 20:15

Финансиската полиција ја започна акцијата “шест” поранешни градоначалници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По налог на финансиската полиција се врши претрес во домот на поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски. 

Оваа институција под капата на Министерството за финансии подолго време води постапка против Јакимовски заради сомневање за злоупотреба на службена положба.

Со оглед на “тешкиот” период на власта на Заев чиј зенит е постигнат денес со аферата на Велковски како директор на Бирото за јавна безбедност тогаш сосема е извесно дека деновиве што следат ако не и во текот на ноќта ќе се реализираат најавите од финанската полиција.

Имено директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми пред неколку седмици откри дека водат истрага во шест [ 6 ] општини за доделување на договори за јавна набавка – маркици за градба и слични злоупотреби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.