Охриѓанката Јана се соочува со тешка борба со години се бори со најлошата болест на 21 век, но биткатѕа со оваа блест уште повеќе и ја усложува и отежнува Фондот кој треба да одобри за да го продолжи своето лекување во странство.

Објавил: Весна Петровска | 1 септември, 2019 21:24

ФОНДОТ УШТЕ ПОВЕЌЕ И ЈА ОТЕЖНУВА БИТКАТА:Се молам и му благодарам на Бог што денес сум жива – вака Јана раскажува за својата борба со најтешката болест

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Животот на некого носи тешки моменти, но тоа не значи дека некој треба да се предаде туку да се бори за да се излезе победник од истата.

Охриѓанката Јана се соочува со тешка борба со години се бори со најлошата болест на 21 век, но биткатѕа со оваа блест уште повеќе и ја усложува и отежнува Фондот кој треба да одобри за да го продолжи своето лекување во странство.

Таа за Алфа раскажа за макотрпната борба со болеста но и со иституциите во нашата земја.

33 годишната охриѓанка Јана Арсовска која 4 години боледува од редок и многу агресивен вид на рак се бори со себе си. Јана помина низ две трансплантации на матични клетки,многу хемотерапии, зрачења, но болеста сеуште не поминува. Деновиве се навршува една година од втората трансплантација а Јана лежи, веќе 8 месеци не може да стане, бидејќи има силни болни во ногата на која има изгореници од зрачењето.Тешко е да останеш позитивен-вели но јас сум жива и појака од секогаш.

Јана од Охрид четири години храбро се бори со ракот

Си кажувам молитва, некако јас бев човек што сака да планира,на пример во јуни ќе одам на едни место, во август ќе го направам тоа и тоа, меѓутоа сваќаш дека некако не можеш баш така животот да го испланираш. Така да се будам со мислата фалата ти Господе што сум жива,да имаме денес убав ден, да имам помалку болки, а заспивам исто така со молитва дека утре ќе биде подобро, дека помалку ќе боли ногата. И да боли, тој страв некако наоѓам начин да го победам, вели Јана Арсовска.

Бидејќи во организмот на Јана сеуште има,како што вели лоши клетки,лекарите од германската клиниката во Флензбург каде се лекуваше предлагаат да прима имунитерапија со антитела кои ги уништуваат малигните клетки,но тоа чини многу пари,првично околу 80.000 евра. Затоа Јана, благодарна на сите хумани луѓе и на државата што и помогна да се лекува во странство, уште еднаш се обрати до Фондот за здравство да и одобри сретства за да го продолжи лекувањето, но беше одбиена.

-Бев одбиена и поднесов жалба и жалбата ми ја одбија врз основа на тоа дека осигуреникот, односно јас сум дел од медицинска студија, а тоа навистина не е точно. Професорката се обиде да најде студија и да ме стави , меѓутоа не можеше да најде бидејќи сите студии се за деца, затоа што е ова детска болест, објаснува таа.

 

Целото сведоштво можете да го прочитате ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести