Канческа Милевска како координатор, Авировиќ, Рамчиловиќ, Александрова, Исмајлоска Старова, Мукоски, Василевски и Љубен Арнаудов денес формираа пратеничка група

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 11:51

Формирана новата пратеничка група, дознајте го името

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Осумтемина избркани пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата кои ги гласаа уставните измени, како и што информиравме, формираа посебна пратеничка група.

Тие денес го информираа Талат Џафери, дека во иднина ќе дејствуваат под нова пратеничка група која ќе се вика „Независна пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија“.

Во оваа пратеничка група ќе членуваат Елизабета Канческа Милевска како координатор, Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов.

Најавена е можност кон пратеничката група на „Независна пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија“ да се приклучат и двајцата пратеници од ГРОМ кои делуваат независно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести