Four season хотелот во Будимпешта е хотел со пет звезди и важи за еден од најлуксузните

Објавил: Узунов Бобан | 29 декември, 2018 12:10

ФОТО: Груевски во хотел каде ноќевање чини 530 евра

Фото/Текст извор: ©либертас /магазин

Во Македонија додека власта и опозицијата се препукуваат кој го организирал а кој го помогнал бегството на Груевски тој ужива во луксузен хотел во Будимпешта. Премиерот Заев и министерот Спасовски иако во повеќе наврати најавија сеуште нема одговорност за бегството на поранешниот премиер.

На фотографијата може да се види екс-премиерот а сегашен бегалец од правдата во Македонија и азилант во Унгарија, Никола Груевски, како сурфа на интернет. Читатели велат дека тој долго време не го симнувал погледот од телефонот.

Груевски сликан во лобито на хотелот Four Season во Будимпешта каде ноќевање чини 530 евра. 

Никола Груевски избега од Македонија и на 13 ноември преку објава на својата Фејсбук страница кажа дека е во Будимпешта каде побарал азил, кој набргу и го доби. Тој се бара со меѓународна потерница поради издржување затворска казна во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести