Мирјана Најчевска со остра реторика против Гордана Сиљановска

Објавил: Узунов Бобан | 22 март, 2019 14:08

(ФОТО) Најчевска ја исмејуваа дека беше балерина, денеска и порачува на Силјановска: Ќе ти биде изваден сиот валкан веш за кампањата

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорката Мирјана Најчевска секогаш користи остри критики и зборови кои често се и на границата на говор на омраза. Таа на својот фејсбук профил ја прозва Гордана Сиљановска дека во трката за претседател ќе и биде изваден сиот валкан веш и дека не треба да биде поштеден никој за време на кампањата вклучително и децата на кандидатите.

Покрај навредите кои беа упатени за синот на Гордана Сиљановска-Давкова затоа што нејзиниот син свирел на клавир и собирал средства со тоа за хуманитарни цели, денеска Најчевска ја прозва прашувајќи ја каде е вработен нејзиниот син и на кое директорско место 

Најчевска во улога на балерина

А каде е вработен синот на Силјановска?
Во некој управен одбор беше? Или некое директорско место? Некои рудници да не беа?
Или Силјановска нема појма исто како што немаше појма и за сопругот и фри-шоповите?
И не драга моја Силјанице, не може да бидат оставени на мира. Ако си се впуштила во трка за претседател ќе ти биде извадено се на виделина и сите проблеми и сиот валкан веш и сите грешки кои си ги направила и проблемите во семејството (болести, психотропни супстанци и сл.). Се е важно во одредувањето како на личноста на идниот претседател така и за можните влијанија кои би ги трпел во иднина.
Претседателот на државата е главен командант и ја претставува државата во светот и има највисок можен имунитет.
Тоа значи дека мора се да знаеме пред да го направиме нашиот избор за да може да избегнеме ситуација да добиеме фикус во претседателската фотеља.

Инаку Мирјана Најчевска беше исто така на удар на критики и потсмев на социјалните мрежи кога објави слики облечена како балерина во рамките на   улога на балерина во претставата „Време на забава“ во режија на Зоја Бузалковска, на театарската трупа „Гнев“, која беше изведена во рамки на фестивалот „Млад отворен театар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.