Секако тука мора да се напомене и свекрвата Цеца која носешегламурозна златна тоалета, но не можеда се занемари и нејзината родена сестра Лидија Оцокољиќ која на свадбата бешеедна од највеселите гости.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 ноември, 2019 17:38

ФОТО: Неодолива во црвена тоалета- сестрата на Цеца ги засени сите на свадбата на деценијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Помина веќе една недела откако се ожени синот единец на познатата дива Цеца Ражњатовиќ но емоциите се уште не стивнуваат. Свадбата го доби епитетот свадба на деценијата а во целиот регион се зборува за целиот гламур кој не можеше да остане не забележан.

Лидија се омажи за екс-фудбалерот Предраг Ококоjиќ пред 15 години, со кого има четири деца – три сина и ќерка.

Секако тука мора да се напомене и свекрвата Цеца која носеше гламурозна златна тоалета, но не може да се занемари и нејзината родена сестра Лидија Оцокољиќ која на свадбата беше една од највеселите гости.

Имено тетката Лидија е многу блиска со своите внучиња Вељко и Анастасија па поради тоа вечерта реши да покаже колку и значи нејзиниот внук па видно расположена, не престана да игра.

Иако помина не забележано покрај младенците сепак новинарите успеаа да ја уловат Лидија, која изгледаше елегантно во црвена тоалета и бела бунда. Инаку за разлика од Цеца, Лидија е русокоса и мора да признаеме дека многу наликуваат една на друга.

Интересен е фактот што и сестрата на Цеца за својата свадба ја носела нејзината венчаница исто како и снаата Богдана.

Инаку познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ до пред две години живееше со својата сестра Лидија во вилата во Дедиње.

Тие двете се многу блиски па пејачката кога се омажи за покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан ја донесе и својата сестра од Житорад.

Како што веќе и е познато на јавноста сестрата на Цеца, Лидија веќе 15 години ево брак со екс-фудбалерот Предраг Ококоjиќ , со кого има четири деца – три сина и ќерка.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.