Фотографијата буквално ги запали социјалните мрежи особено затоа што на неа се гледа специјалната обвинителка како ужива додека еден маж ја масира.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 август, 2019 14:52

ФОТО: Kaтица Јанева ужива додека ја масираат на позната грчка плажа

Фото/Текст извор: ©магазин..мк

Портпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денеска објави нова фотографија од специјалната обвинителка во заминување Катица Јанева како ужива на плажа во соседна Грција.

Фотографија од катица Јанева на плажа во Грција

Фотографијата буквално ги запали социјалните мрежи особено затоа што на неа се гледа специјалната обвинителка како ужива додека еден маж ја масира.

Како што напиша Арсовски, масажата на јанева чинела 10 евра.

Откако излезе снимката за „Рекет”, почитуваната Катица Јанева која е на ‘ваканција’ во Калитеа ја фати глава и си плати масажа која според неименуваниот извор чинела 10 евра.
Тек почеток е Катицеее, многу повеќе ќе те боли глава, порача Арсовски.

За потсетување Катица Јанева даде оставка од функцијата прв човек на СЈО, а се сомнева дека таа е поврзана со актуелниот случај Рекет, каде прво осомничен е Боки 13 а второосомничен е Зоки Кичеец. Медиумите на големо пишуваат дека Јанева била вмешана во рекетот кој го извршувале Боки и Кичеец, со цел таа да дејствува врз органи од судот, за случаите поради кои се обвинети извесни македонски бизнисмени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.