Шпанија треба да формира прво влада, по изборите кои се одржаа на 10 ноември.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 ноември, 2019 15:32

Франција го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО, остана уште Шпанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на својот Фејсбук профил вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, објави позитивни вести.

Фејсбук статус на вицепремиерката Радмила Шеќеринска

Таа за јавноста објави дека и Франција ја завршила ратификацијата на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, и нагласи дека сега остнаува уште Шпанија да го стори истото.

Шпанија треба да формира прво влада, по изборите кои се одржаа на 10 ноември.

Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, не сакаше да шпекулира кога ќе се случи тоа. Тој денес во Брисел учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој претставува подготвителен состанок пред декемврискиот НАТО-самит во Лондон.

На состанокот Димитров ги претставил позициите на Северна Македонија по однос на актуелните прашања за единството и безбедноста на трансатлантската заедница.

„Димитров ја акцентира посветеноста на нашата држава на темите од клучно значење за алијансата: праведна распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, концептите на НАТО за одвраќање и одбрана и за проектирање стабилност, контрибуција во меѓународните операции, справување со неконвенционалните безбедносни закани и др.“ соопштија од МНР.

Димитров рекол дека Северна Македонија и како идна земја членка на НАТО ќе продолжи со напорите за развивање на националните капацитети во склад со заедничките способности на НАТО и на линија на политиките и потребите на алијансата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...