Караџиќ на 20 март беше осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување.

Објавил: admin@magazin | 5 април, 2019 20:16

Хаг не му дозволи жалба на Радован Караџиќ !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

MМКТ соопшти дека нема да дозволи да се поднесе жалба на должината на казната доживотен затвор, што на поранешниот претседател на босанските Срби, Радован Караџиќ, му беше изречена минатиот месец.

Во одлуката, потпишана од претседателот на ММКТ, Кармел Агиус пишува дека не постои правна основа во статутот или во правилата на Механизмот, врз основа на кои Караџиќ би можел да поднесе жалба на конечната пресуда или на дел од неа.

Со оваа одлука беше одбиено барањето на Караџиќ, да му се за дозволи именување на правен советник, кој би му помогнал во подготовката на барањето за преиспитување на пресудата, со која казната од 40 години затвор, му беше зголемена на доживотен затвор во Хаг.

Караџиќ на 20 март беше осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување. Тој беше прогласен за виновен за геноцид во Сребреница, за прогонства низ цела БиХ, за тероризирање на граѓаните на Сараево и за земање на припадници на УНПРОФОР како заложници.

Караџиќ, исто така, наведе дека советот на ММКТ не дал образложение, зошто казната изречена во 2016 година, од 40 години затвор, му е зголемена на казна доживотен затвор.

Хашкиот Трибунал на 24 јули и потоа на 16 ноември 1995 година, издал обвинувања против Радован Караџиќ и началникот на генералштабот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ. Хашкиот Трибунал го обвинува Радован Караџиќ по единаесет точки и тоа:
6 обвинувања за геноцид, соучество во геноцид, злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војувањето и тешки повреди на Женевската конвенција од 1949 година ( намерно убивање).

.За протерување на политичка, расна и верска основа и други нехумани дејствија, насилно преселување – депортација
. За насилно принесување на терор меѓу цивилите и држење на заложници
За пронаоѓање на Радован Караџиќ, Интерпол распишал потерница, а владата на САД нудела пет милиони долари за помош при наоѓањето на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

Сопругата на Радован го повикала да се предаде бидејќи биле доведени на работ на егзистенцијата таа и неговата фамилија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести