Поранешниот командант на ОВК во областа Кошаре, Хисен Бериша, вчера изјави дека по Словенија и Австрија, Хрватска нуди кауција за обвинетите во Хаг.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 мај, 2021 6:39

Хрватска нуди кауција за Тачи и другите обвинети во Хаг!?

Фото/Текст извор: ©s.pecat

Хрватската државна службеничка Ермина Љекај Прљаскај изјави дека Хрватска го поддржува Косово и дека е расположена да обезбеди гаранции за Хашим Тачи и другите притворени во Хаг.

Таа додаде дека хрватскиот министер за надворешни работи во четврток ќе ја посети Приштина.

„Постои можност Хрватска да даде гаранција, засега нема официјална понуда. Верувам дека Хрватска е расположена и во четврток министерот за надворешни работи ќе го посети Министерството за надворешни работи во Приштина, рече Љекај Прљаскај.

Меѓу другото, таа рече дека Хрватска лобира и за визна либерализација за граѓаните на Косово.

Поранешниот командант на ОВК во областа Кошаре, Хисен Бериша, вчера изјави дека по Словенија и Австрија, Хрватска нуди кауција за обвинетите во Хаг.

Тој изјави дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ сепонудил да гарантира во Специјалниот суд за ослободување на поранешниот претседател Хашим Тачи и другите, за да се брани од слобода.

„Мојот пријател од Хрватска ми рече дека хрватскиот претседател понудил да биде гарант за привремено ослободување на сите што се таму“, рече Бериша во емисијата „Фронтал“ на Т7.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...