Една од нив е и ѕвездата од Сексот и Градот, познатата холивудска актерка Сара Џесика-Паркер која е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 октомври, 2019 10:37

Холивудската актерка воодушевена: „Медена земја“ е епска приказна која не води о Република Македонија и целосно заслужува Оскар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, го освои светот и ги фасцинираше познатите холивудски глумци.

Фотографијата на Инстаграм која ја сподели Сара Џесика Паркер

Една од нив е и ѕвездата од Сексот и Градот, познатата холивудска актерка Сара Џесика-Паркер која е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Имено Сара Џесика Паркер на својот Инстаграм профил објави фотографија од филмот а во описот напиша дека „Медена земја“ е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

Неверојатна, запрепастувачка, интимна, но сепак, епска приказна за пчеларката Хатиџе Муратова. Жена што никогаш нема да ја заборавам. Има добри причини што филмот ги собра сите признанија и награди за документарци. Честитки за филмаџиите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодарам што ни овозможивте да патуваме сo вас во тоа мало место во Република Македонија. Вас двајца ќе ве следам секаде – напиша холивудската ѕвезда.

 

Инаку филмот „Медена земја“ доби позитивни рецензии од критичарите. Филмот е документарец за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија а главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. Продукцијата е на „Аполо медија“ на Стефанов и „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев. Музиката во филмот е на „Фолтин“.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.