Како што веќе е запознаена јавноста станува збор за доаѓањето на досега најважна светска личност папата Франциск. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 април, 2019 12:01

Цело Скопје ќе биде блокирано: 7 мај ќе биде прогласен за неработен ден?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според неофицијални извори на весникот Вечер 7 мај, вторник, ќе биде прогласен за неработен ден бидејќи цел град ќе биде блокиран.

На 7ми мај Папата Франциск, за прв пат ќе дојде во посета на Македонија

Како што веќе е запознаена јавноста станува збор за доаѓањето на досега најважна светска личност папата Франциск. 

Предвидени се големи безбедносни контроли, како што до сега немаме видено, односно секој милиметар од трасата по која ќе се движи папата Франциск при неговата посета ќе биде под сериозна безбедносна контрола.

Се уште официјално, не е објавена никаква информација, освен агендата која што е прикачена на веб страницата на www.papa.mk.

-Во четвртокот претпладне, двајца полицајци ни заѕвонија на врата и ни зедоа детални податоци, не само име и презиме туку и матичен број. Го разгледаа станот, особено ги интересираше на која страна гледа и не прашаа дали ако е потребно би дале дозвола да се снима од нашиот стан. Не кажаа ни зошто, ни што, вели за весникот Вечер, пензионер од кулата на улица Македонија, до хотел Бристол. Угостителите и станарите во близина на Католичка црква пак, добиле инструкции на 7 мај да ги затворат прозорците и ролетните на објектите.

Неофицијално дознаваме дека 7 мај, вторник, ќе биде прогласен за неработен ден бидејќи цел град ќе биде блокиран, пишува весникот Вечер, од каде додаваат дека до сега не успеале да довијат никакви информации од полиција освен дека се прават неопходни безбедносни мерки. На официјалната промоција на овој многу значаен настан за државава, државниот секретар во МНР, Виктор Димовски посочи дека ако дозволат временските услови, се разгледува и опција папата со автомобил да се прошета низ главниот град и да ги поздрави граѓаните и верниците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести