Грчкиот премиер, Алексис Ципрас во Њујорк на маргините на Генералното Собрание на ОН јавно говори дека прашањето со името на "северниот сосед" е решен проблем за Грција

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 14:44

Ципрас веќе слави, тридеценискиот спор стигнувал до крајот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во обраќањето на годишниот самит “Конкордија” во Њујорк грчкиот премиер Алексис Ципрас меѓудругото говореше за иницијативите на Балканот, споменувајќи го и прашањето за името на “северниот сосед”.

Грчкиот премиер рече дека спорот по речиси три децении стигнува до крај, а неговата визија е Грција, како водечка сила, да го одведе целиот регион до стабилност, соработка и просперитет.

Презедовме важни иницијативи Балканот да го направиме стабилен, безбеден и просперитетен дел од Европа. Видовме дека постои прозорец на можности за да се надмине едно прашање што беше трн за Грција и Европа речиси три децении.

Прашањето со Поранешната југословенска република Македонија стигнува до крај. Со почитување на нашата историја, со почитување на нашите народи. – рече Ципрас.

Во однос на бегалскиот проблем, Ципрас рече дека е европски проблем за кој е потребна заедничка европска стратегија за справување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.