На официјалната интернет страна на грчкиот премиер Ципрас стои објава со наслов „Договорот од Преспа е голема дипломатска победа и голема историска можност“

Објавил: Македонка Димкин | 14 јули, 2018 19:25

Ципрас: Договорот од Преспа е голема дипломатска победа на Грција!

Фото/Текст извор: ©Magazin.mk

Преспанскиот договор, кој предвидува преименување на ФИРОМ во Република Северна Македонија на нашиот јазик, како што се изговара, во Република Северна Македонија, го отстранува иредентизмот што го содржеше нивното уставно име, пишува на веб страната на грчкиот премиер Ципрас.

Во истата објава се наведува дека 140-те земји кои денес „ги признаваат нашите соседи како Македонија сега ќе ги признаат како Република Северна Македонија, бидејќи ова име ќе биде ерга омнес – за севкупна употреба, во странство и дома“.

За првпат се предвидува дека нашите северни соседи немаат и во иднина не можат да тврдат каква било поврзаност со античката грчка култура на Македонија, се вели во објавата на официјалната интернет страна на Ципрас.

Во истиот се додава дека „договорот, исто така, предвидува дека државјанството кое ќе биде вклучено во патните документи на нашите соседи нема да биде чисто Македонско, како што е денес, туку: Македонско/граѓанин на Северна Македонија“ и се посочува  дека Грција ќе го признае државјанството како “граѓани на Северна Македонија”.

Преспанскиот договор е голема дипломатска победа, но и голема историска можност. Грчката влада во целост ги бранеше сите свои црвени линии, сите црвени линии и нашата национална позиција, како што беше случај во последните 20 години. Ние ги обезбедивме, главните грчките тврдења, кои не се однесуваат само на нашето национално минато, туку и на сегашноста и на иднината. Силна Грција, светилник на цивилизацијата, историјата и вредностите, грчки столб на стабилноста на Балканот, Источен Медитеран, Европа, се заклучува во објавата на официјалната интернет страна на грчкиот премиер Ципрас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести