Ципрас со реконструкција на владиниот кабинет од каде не смее да ги менува Коѕијас и Каменос

Објавил: Мартин Попоски | 21 август, 2018 12:17

Ципрас подготвува реконструкција на владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Промени во владиниот кабинет подготвува Алексис Ципрас според грчките медиуми а реконструкцијата би можела да се случи  во следните денови.

Ставот на грчката влада е дека реконструкцијата на владата не се најавува па затоа и не постои официјална информација а дел од медиумите кај јужниот сосед веќе шпекулираат за можните промени во кабинетот на Ципрас.

Според нивните информации неколку министри е сигурно дека ќе останат на нивните досегашни позиции а меѓу нив се и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас како и министерот за одбрана и коалиционен партнер Панос Каменос и министерката за труд Ефи Ахциоглу.

Доколку реконструкцијата на владата не се случи во следните денови веројатно е дека ќе биде пред Меѓународниот саем во Солун што започнува на 8-ми септември а каде свое обраќање ќе има и Ципрас.

На саемот што се одржува секоја година на почетокот на септември – традиционално грчките премиери имаат говори во кои ја соопштуваат владината програма за следниот период.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.